Поевтинуваат горивата

Објавено на 7 октомври, 2013 во 12:56

За 1,5 денари по литар поевтинуваат бензините, а дизелот за 2 денари по литар. Вака олдучи денеска Регулаторната комиија за енергетика, а новата цена на нафтените деривати ќе се применува од ноќеска на полноќ.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените се намалуваат  во просек за 2,79%. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98 се намалуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени согласно претходната Одлука од 23 .09.2013 година.

Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС -95 изнесува 78 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС -98 изнесува 79,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2 ден/лит и ќе изнесува 69,50 ден/лит.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.