Глобален инвестициски самит за Македонија се одржува во Охрид

Објавено на 9 октомври, 2013 во 09:42

Во Охрид како дел од Глобалниот инвестициски самит за Македонија,денеска, ќе се говори за конкурентноста на македонската и економијата во регионот, клучниот фактор за економскиот развој, мапирање на конкурентноста во највисоко рангираните директни странски инвестиции, односно новите сектори и пазари како дел од глобално конкурентните македонски производи, пренесе Охрид њус.

Воведни обраќања ќе имаат премиерот Никола Груевски, амбасадорот на САД во земјава Пол Волерс, директорот на канцеларијата на Меѓународната финансиска корпорација во Македонија и Црна Гора, Зоран Мартиновски, како и основачот и претседател на The Zaf Group, Мајк Зафировски.

Печесни говорители ќе бидат Кристофер Главин, со-основач и претседател на Harrison Street Capital и поранешен извршен директор на Моторола, како и Хубертус Ван дер Ваарт, извршен претседалт и со-основач на СЕАФ, САД.

Тука се и Филип Ван Хул, главен извршен директор на Van Hool, Белгија, Улрих Лубек, сениор потпретседател на Дрекселмајер груп, д-р Глигор Бишев, претседател на одборот на директори на Шпаркасе Банк Македонија, како и Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија.

Од домашните компании ќе говорат Кочо Анѓушев,  главен извршен директор на Феро Инвест, Игор Илиевски, главен извршен директор на винаријта Тиквеш, Виктор Петков, генерален менаџер на Випро дооел и Феркан Бербери, сопственик на ресторанот Венето.

Глобалниот инвестициски самит за Македонија се оддржува во езерскиот комплекс „Метропол“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.