Ќе се намали цената на СМС пораките
Објавено на 9 октомври, 2013 во 10:23
Мобилните оператори, да ги намалат цените на СМС пораките за 75 отсто, големопродажната цена на кусите пораки од сегашните 2 денара за порака да се намали на 0,50 денари, предлага Агенцијата за електронски комуникации (АЕK).
Предлог треба да ги поттикне граѓаните да ја користат оваа услуга на мобилните оператори кои во изминатиот период регистрираа драстично намалување. До крајот на месецот овој предлог ќе биде разгледан.
По намалувањето на цените за интерконекција, новите цени за СМС пораките би требало да бидат прифатени и од мобилните оператори. Така, малопродажните цени на пораките, кои сега чинат 5 денари, од 1 ноември би требало да чинат 1,25 денари.
