Од полноќ поскапуваат горивата
Објавено на 21 октомври, 2013 во 14:28
Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи од полноќ бензините да поскапат за половина денар, а дизелот и екстра лесното за еден денар.
Според ова одлука, новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 78,50 денари, на Еуросупер БС-98 ќе биде 80 денари за литар. Еуродизелот ќе се продава по 70,50 денари, а екстра лесното масло за домаќинство 59 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува и ќе изнесува 40,535 денари за килограм.
