РСЕ: Странски инвестиции – Ем добри, ем најслаби во регионот

Објавено на 31 октомври, 2013 во 13:06

Владата навидум е упорна со најавите за странски инвестиции, но покрај „роуд шоуа“, кампањи и поволности и искачувања на ранг листи за деловна клима, Македонија е последна во регионот по приливот на странски капитал, според проценките на Обединетите нации.

Министерот за финансии Зоран Ставрески неодамна процени дека за седум години во Македонија биле инвестирани 1.8 милијарди евра странски капитал, пишува Радио Слободна Европа во својата анализа.

 

Има определени локациски предности, посебно доколку се вложи во инфраструктурата. Поврзаноста со регионот не е баш најдобра, ама генерално не би требало многу да се очекува од некои особено големи странски инвестиции.

Ваквиот проблем се провлекува веќе 20 години вели д-р. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии.

Додека Владата го промовира извештајот „Дуинг Бизнис“, на кој Македонија напредува по проценката за бизнис климата, Агенцијата за трговија и развој при Обединетите нации летово промовираше поразителна статистика за приливот на странски пари. Лани во земјава влегле 135 милиони долари инвестиции. Пред нас се сите земји во регионот, на пример Албанија со 957 милиони и Косово 298 милиони странски инвестиции. Во Хрватска странците инвестирале десет пати повеќе пари во споредба со Македонија. Се поставува прашањето што ги мотивира политичарите упорно да најавуваат нови инвестиции покрај ваквите податоци. Политикологот Мерсел Биљали вели дека станува збор за виртуелни остварувања.

Целиот текст прочитајте го тука

Извор: РСЕ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.