Министерот за економија ги слушна проблемите на текстилната индустрија

Објавено на 4 ноември, 2013 во 16:42

Претставници на Кластерот за текстил  денеска се сретнаа со министерот за економија Ваљон Сарачини. На средбата се разговарало за недостигот на квалификувана работна сила и изнаоѓањето начини  за модернизација и автоматизација на текстилните компании.

„ На средбата беше заклучено дека текстилната индустрија е во пораст, има извоз, но се уште проблем претставува изнаоѓањето квалификувана работна сила и кредити“ рече по средбата државниот советник во Министерството за економија, Блерим Златку.

Претседателката на Кластерот за текстил Маријана Перковска истакна дека на средбата со министерот Сарачини наишле на позитивни сигнали во делот на начинот на решавање еден од најголемите проблеми во текстилната индустрија, недостигот на работната сила.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.