Потпишан договор за стратешко партнерство со „Филип Морис“

Објавено на 27 мај, 2014 во 17:29

По најавите од август минатата година и оние во очи на предвремените парламентарни избори во април, американскиот тутунски гигант „Филип Морис“, денеска го потпиша договорт за стратегиско партнерство со „Тутунски комбинат“ –  Прилеп. Но, тоа се уште нема да значи почеток на производство бидејки прво треба да се формира ново ДОО „Тутунски комбинат Цигари Македонија“ во кое „Филип Морис“ ќе има 51 процент учество, а Комбинатот 49 проценти, додека управувачката структура ќе му припадне на странскиот партнер, јави Телма.

Друштвото ќе се регистрира со законскиот минимум од 5000 евра, а потоа ќе следи целосна докапитализација. Кон крајот на август ке има преструктурирање, техничко осовременување на производството и дообука на работниците. Првите цигари под капата на „Филип Морис“ се очекуваат најрано до крајот на годината.

 

– Стратегиското  партнерство со ваков гигант е предуслов Комбининатот по деценска неизвесност да излезе од листата на загубари и да фати приклучок со другите  успешни фирми, изјави Александар деменџиев директор на „Тутунски коминат“ – Прилеп.

-Уверена сум дека овој заеднички потфат ќе донесе заедничка корист за двете компании и ќе создаде цврста основа за иднината на македонската тутунска индустрија. Ќе овозможи проширување на нашето присуство на пазарот и зајакнување во регионот на ЈИЕ, изјави Спејси Кенеди, „Филип Морис интернешнл“.

Освен профитаблино работење и ликвидност, според владата, договорот обезбедува откуп на одредени количини тутун со што ке донесе придобивки и за производителите  и за кооперантите и вработените. Стабилните услови за работа најверојатно ќе се однесуваат само на дел од 993 вработени во „Тутунски комбинат“, бидејќи иако тоа не е дел од договорот, според директорот Дерменџиев, ќе има откази. Не прецизирајки колкав број работници ќе мора да си заминат, дома вели дека превработеноста ќе се реши на безболен начин.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.