Пораснаа трошоците за живот во мај

Објавено на 9 јуни, 2014 во 14:43

Во мај пораснале животните трошоци, објави Заводот за статистика. Во споредба со април трошоците се зголемени за 0,3 проценти, додека во однос на истиот месец, лани има намалување ид 0,6 проценти.

Во мај во однос на април најголем раст на цените е регистриран кај земјоделските производи од 2,3 проценти, прехранбените 0,2 отсто, а кај стоките раст од 0,3%.

Трошоците за живот најмногу се зголемиле за свежото овошје и зеленчук, обувките, авионскиот превоз и течните горива.

Намалување има кај маслото, тестенините и безалкохолните пијалаци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.