УЈП ја објави листата со должници

Објавено на 13 октомври, 2014 во 15:12

Управата за јавни приходи ги објави имињата на фирмите што имаат долгови повисоки од пет илјади евра и кај граѓаните, долгови поголеми од две илајди евра по основ на даноци, акцизи и царини.

Станува збор за над 3.800 фирми, физички лица и јавни претпријатија. На црната листа се најдоа компании од различни сектори а најголемиот должник останува “Индустрија Ел Азтека Д.О.О. Скопје,“ компанија која  должи близу 18 милиони евра, а во јавноста беше поврзувана со името на Ангел Кастиљо, обвинет дека го оштетил буџетот за  5,5 милиони евра.

Меѓу должниците се јавни претпријатија, како јавниот сервис МРТВ, Јавното претпријатие улици и патишта, фирмите на Охис, Македонска опера и балет. На оваа листа се опфатени должници со доспеани долгови до крајот на јуни годинава.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.