Казни за фирмите без ГПРС каси

Објавено на 27 октомври, 2014 во 16:30

Во петок истекува рокот за воведување фискални апарати со Џпрс уреди. Досега над 3300  компании ја исполниле оваа обврска и извршиле регистрација на околу 7 илјади фискални каси.Во оваа фаза вкупно 8900 фирми кои имаат промет од над 10 милиони денари претходната година треба да набават фискални каси со џпрс уред.Тука влегуваат и сите даночни обврзници од угостителската дејност и сите бензиски станици. Од управата за јавни приходи апелираат компаниите да не го чекаат последниот ден.

До 31 јануари пак трае рокот за сите останати даночни обврзници.Компаниите кои нема да имаат нов фискален апарат со џпрс уред ќе треба да платат казна исто како да немаат фискална каса.Станува збор за парични глоби од 300 до 1500 евра,како  и забрана за вршење дејност од 1 до 3 години.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.