Студија за обновливи извори на енергија за Југоистокот
Југоисточниот регион на Македонија ќе добие Студија за обновливи извори на енергија. Истражувањата се направени а студијата треба да даде насоки и препораки за привлекување на инвеститори со оглед дека овој дел од државата има потенцијали.
Студијата која ја изработува Центарот за развој на југоисточниот регион треба да даде одговор како да се искористува соларната, хидро и енергијата од ветар. Ова истражување освен за инвеститорите може да им послужи и на општините од регионот
Изработката на студијата е во рамките на проектот Кон иднината која југоисточниот плански регион од Македонија го реализира со бугарскиот југозападен. ОД таму смтат дека можно е проектите изработени врз основа на студијата може да бидат финансирани и од ЕУ
Двата региони денес одржаа работилница на кој расрпаваа за искорситуањето на обновливите извори на енергија но и зголемвуање на енергетската ефикасност за подобрување на квалитетот на животот во југоистокот.