Ќе се истражува се што се извезувало во Русија
За два дена ќе се знае дали Македонија извезувала европски овошје и зеленчук во Русија, соопшти денеска министерот за економија Беким Незири. На вчерашната владина седница, Владата донела заклучок институциите да го истражат случајот. Во деталните анализи ќе бидат вклучени МВР, Царинската управа, Агенцијата за храна и земјоделство и Државниот инспекторат за земјоделство, јави Радио Слободна Европа.
„Ако утврдиме дека постои такво нешто, ќе се преземат сите законски мерки за покренување кривични постапки против поединците или фирмите кои го направиле тоа“, вели министерот.
Според него, од руска страна има само сомнеж дека Македонија извезува овошје и зеленчук од ЕУ во Русија, но тоа се уште не е докажано.
Загриженост од состојбата искажа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков кој посочи дека во најкраток можен рок ќе се расчистат сомнежите.
