ЕУ добила писмо од Гаспром за запирањето на Јужен тек

Објавено на 2 декември, 2014 во 15:41

Европската Унија е затекната од одлуката на Русија да го стопира проектот со гасоводот Јужен тек, во проектираните граници и да го пренасочи кон Турција.

Но, и покрај тоа, Унијата ќе продолжи со дипломатските напори да обезбеди стабилно енергетско снабдување на земјите членки. Ова беше одговорот на портпаролката на Европската Комисија Ана Кајса Итконен на денешниот брифинг во Брисел, која потврди дека и Гаспром ја известила комисијата за запирањето на проектот.

„Позицијата на ЕУ во однос на Јужен тек не е променета. Госоводите во ЕУ мора да се градат во согласност со евроското законодавство. Јужен тек или кој било друг гасовод може да се развива, единствено според ЕУ законот“, рече Итконен, која најави дека европската влада ќе го следи развојот на настаните.

Новинарите се интересираа како ќе се компензираат загубите на Бугарија, која до сега вложи милиони евра во развој на гасоводот. Путин веќе најави дека неговата заемја ќе ги надомести загубите на Бугарија, која е најоштетена.

„Сигурноста и солидарноста е компонета на Европската енергетска унија, меѓутоа, од правен аспект, нема основа за компензации“, рече портпаролката на ЕК.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е принудена да се повлече од проектот „Јужен тек“ поради тоа што ЕУ не сака да ја поддржи изградбата на гасоводот.

– Ако Европска Унија не сака да го спроведе проектот „Јужен тек“, тогаш нема да биде спроведен. Всушност, не само што Европската комисија не обезбеди помош во спроведувањето на проектот, туку создаваше пречки – рече Путин.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.