ССКМ ќе го избира претприемачот на годината
Објавено на 16 декември, 2014 во 08:49
По осми пат годинава Сојузот на стопански комори ќе избере претприемач на годината за 2014.
Ќе бидат доделени наградите за најуспешните претприемачи за микро и мали претпријатија. Министерството за економија ќе додели посебна парична награда за најиновативна компанија од технолошки аспект.
Изборот преприемач на годината го организира Соузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Министерството за економија, Македонската развојна фондација за претпријатија и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.
