Кина ги зголеми инвестициите во Европа

Објавено на 17 декември, 2014 во 09:04

Кина ќе формира нов инвестициски фонд од 3 милијарди долари за Централна и Источна Европа со цел зајакнување на нејзиното присуство во регионот.

Ова го изјави кинескиот премиер Ли Кечијанг за време на самитот во Белград со лидери на 16 земји од Централна и Источна Европа.

Тој во Белград предводи делегација од 200 директори на кинески фирми. На тридневниот самит учествува и македонскиот премиер Никола Груевски кој изјави дека Кина била многу заинтересирана за изградба на пругата од Атина до Будимпешта и оти за нејзина реализација ќе соработуваат Унгарија, Србија, Македонија и Грција.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.