Бугарија ќе продолжи со „Јужен поток“
Бугарија ќе ги издаде потребните дозволи за “Јужен поток” и ќе ги продолжи подготвителните активности за реализација на проектот, јави Радио Канал 77.
Ова го соопшти премиерот Бојко Борисов по самитот на ЕУ во Брисел.
Тој соопшти дека добил целосна поддршка и разбирање од Европскиот совет от Бугарија не треба да носи вината и да плаќа казни поради запирањето на проектот.
Ско го донесат гасоводот до тука, ќе го направиме и ќе продаваме гас така, како и Турциј, рече Борисов.
За време на самитот, Борисов побарал и добил одговор што да прави Бугарија со “Јужен поток”.
“Одговорот е еден – реализирајте си ја меѓувладината спогодба, за да не сносите судски санкции и да плаќаат казни, како за нуклеарката Белене. Од сега, сите други обврски се обврски на Европската унија и ние стоиме зад вашето решение “, бил одговорот до Борисов.
Според неговите зборови, “Бугарија веќе може да ги исполни обврските по подготвителните активности, особено за морскиот дел на гасоводот и да издаде градежна дозвола”.
