Рекордно евтин бензинот во САД

Објавено на 12 јануари, 2015 во 07:44

Цената на еден литар бензин во САД слезе до шестгодишен минимум и веќе се продава во просек за 58 центи. Пресметани во денари  тоа го прави околу 30 денари, пренесе Локално.мк.

Поевтинувањето на горивата очигледно се одразува добро на американската економија, за која се предвиди раст во 2015 година од над 3%.

Според прогнозите се очекува ново поевтинување на бензинот и дизелот во САД. Повеќето експерти го засноваат своето набљудувања на презаситеност на нафтените пазари и постојаното намалување нацената за  барел нафта.

Денес наутро според “Блумберг”, цената на нафтата брент на Лондонската берза е 49.29 долари. Тоа е за 82 центи пониска од последните цени  од минатата недела.Во Њујорк трендот е иста – цена на нафта од сорта WTI утрово е 47.46 долари за барел.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.