Промовирани првите вински советници во Македонија

Објавено на 3 февруари, 2015 во 08:51

Промовирани се првите вински советници во Македонија кои посетија обука и добија сертификати за стекнатите знаења и вештини за винскиот сектор.

Доделувањето на сертификатите се одржа во Винаријата Камник.

Учесниците се стекнаа со знаења за презентација на главните агротехнички мерки за производство на квалитетно грозје, презентација на клучните постапки за винификација, зреење и полнење на виното во шишиња, опис на органолептичките карактеристики на виното, промоција на карктеристиките и квалитетот на виното преку медиумите, како и со знаења за промоција и продажба на виното.

Нивни обучувачи беа експерти од Македонија и од странство. На обуката се користеа материјали и професионална опрема за дегустација на вина.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.