Пристигаат новите вагони на „Македонски железници“

Објавено на 28 февруари, 2015 во 09:17

Вкупно 107 од планираните 150 товарни вагони за возниот парк на Македонски железници, се веќе пристигнати. Информацијата ја соопшти премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на пуштање на употреба на спосртска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во село Љубанци, пренеси Плусинфо.

– Проектот за набавка на нови 150 товарни вагони е во длабока фаза на реализација. Веќе 107 вагони пристигнаа во Македонија, 43 треба да пристигнат во наредните неколку месеци со што ќе се заокружи проектот во којшто инвестираме 14 милиони евра – изјави Груевски.

Тој информира и дека планираните композиции за патничкиот сообраќај,треба да почнат да пристигнуваат од јули годинава.За оваа намена планирани се над 25 милиони евра.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.