Нафтата поскапе, но загриженоста е околу обилните резерви
Цената на нафтата денеска порасна, но нејзиниот раст е огрничен, сепак трговците се плашат поради обилните глобални резерви бидејки резервите во САД го достигнале новиот максимум.
Американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во април поскапела на Њујоршката берза за 15 центи на 48,32 долари, додека нафтата од типот „брент“ за априлската испорака во Лондон поскапела за 56 центи на 58,10 долари, пренесува „Франс прес“.
Американското министерство за енергетика соопштило дека резервите на нафтата пораснале за 4,5 милиони барели во неделата заклучно со 6-ти март, достигнувајки 448,9 милиони барели, што е најголемо ниво од 1982 година, кога американската агенција за информирање (ЕИА) почна да ги пресметува неделните резерви. Аналитичарите прогнозирале дека резервите на нафта ке пораснат на 444,4 милиони барели.
Цената на сировата нафта ослабнала за околу 60 одсто од јуни до крај на јануари оваа година поради обилните светски резерви, слабата глобална економија и силниот долар, за кој нафтата е поскапа за купувачите кои користат послаба валута, што доведе до пат на пазарот, а со тоа и цената.
