Нови авиолинии за летната сезона

Објавено на 25 мај, 2015 во 08:25

Од Скопје за Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридрисхафен двапати неделно. Македонската метропола во јуни и јули добива нови авиоврски со европските градови. Од Охрид ќе се лета за Базел и за Лондон. Ова за патниците ќе значи поедноставен транспорт, нови можности за туризам и бизнис, а за концесионерот зголемени приходи. Инвестицијата на ТАВ во македонските авиопристаништа ги дава посакуваните резултати. Се зголемува бројот на патници, но и на компании кои оперираат од домашните аеродроми.

„Откога ТАВ раководи со двата аеродрома во Република Македонија имаме големо зголемување на бројот на патници и на авиооперации. За 5 години растот изнесува 75%, што на крајот доведе до тоа, лани да ја натфрлиме бројката од милион патници. Во моментов од скопскиот аеродром опслужуваме 26 европски дестинации и една интерконтинентална линија до Дубаи, а од јуни и јули се воведуваат и нови линии“ – вели првиот човек на „ТАВ Македонија“, Зоран Крстевски.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.