Одложена изградбата на „Турски поток“ за еден месец
Објавено на 5 јуни, 2015 во 07:33
Изградбата на првиот дел од магистралниот гасовод “Турски поток” е одложен за еден месец и ќе започне кон крајот на јуни, соопшти руското издание “Нефтегаз”, цитирајќи изјава на министерот за енергетика на Русија Александар Новак.
Претходно се планираше положувањето на првиот дел од нафтоводот да започне во почетокот на месецот.
Пуштање во употреба на гасоводот е предвидено за декември 2016.
