Телевизии,општини, државни и приватни фирми должници на УЈП

Објавено на 12 јуни, 2015 во 15:54

Национални телевизии, јавни и комунални претпријатија, приватни фирми и илјадници граѓани се најдоа на новата црна листа на должници, што ја објави Управата за јавни приходи, јави 24 Вести.

Се работи за вкупен долг од 276 милиони евра по основ на неплатени даноци, акцизи, царини и придонеси.

Од државните фирми предничат Македонија пат со долг од околу 6 ипол милиони евра, Македонски шуми со 5 милиони и Македонската радиодифузија – близу половина милион евра.

Јавниот сервис е најголем должник кај медиумите. Долгот на МРТ изнесува еден милион 673 илјади евра.

Следуваат Алфа ТВ ДОЕЛ Скопје со долг од речиси 238 илјади евра, Канал 5 ПЛУС ДОЕЛ со 54 илјади, како и Наша ТВ ДОЕЛ со долг од 194 ипол илјади евра.

Можно е во листата на должници да има и такви на кои им се блокирани сметките. Но се зависи од големината на даночниот обврзник. Така ако се работи за голем даночен обврзник, тогаш тој и еден месец да задоцни со плаќањето ќе се најде на оваа листа. Даноците што треба да се плаќаат се по различни основи и со различни рокови на доспевање, велат од УЈП.

На црната листа се и поголеми општини, како и Градот Скопје чиј долг кон државата изнесува околу половина милион евра. Тука се и дел од комуналните претпријатија.

И натаму, подолг период на врвот на листата на должници се компаниите „Ел дон кастело Ангел“ и “Индустрија Ел Азтека од Скопје“, кои должат по идентични 18 ипол милиони евра.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.