Тим на ММФ ќе ја оценува македонската економија

Објавено на 26 јуни, 2015 во 12:53

Тим на Меѓународниот монетарен фонд предводен од Џесмин Рахман од 29 јуни до 8 јули ќе престојува во Скопје за да направи годишен преглед на македонската економија.

На крајот од мисијата, тимот ќе ја оцени нашата економија и ќе го подготви целосниот извештај за кој ќе дискутираат членовите на Извршниот борд на ММФ.

Оваа посета е дел од редовните активности на Меѓународниот фонд за следење на состојбите со економијата што се вршат во сите 188 земји-членки.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.