Пад на производството и отпуштања! Челичната индустрија бара помош од државата
Во последните неколку месеци од оваа година, домашната металургија бележи пад на извозот, но и на производството во целина. Експертите сметаат дека реализацијата на проектираните инвестиции ќе се одвива со забавено темпо, а пласманот до крајот на 2015 година ќе биде сигурен, пишува Капитал.
Претставниците на македонската челична индустрија денеска побараа поддршка од Владата, со цел да нема отпуштања во овој сектор кој е од големо значење за домашната економија.
„Правиме максимални напори да ги задржиме луѓето, да нема отпуштања, да не ги нарушиме одлично организираните обучени, искусни тимови, а особено занаетчиските кадри кои и онака недостигаат. Но, сами не можеме се да сториме“, истакна Митко Кочовски, претседател на Здружението на металургија при Комората.
Во однос на кризата кај јужниот сосед, претседателот на Здружението рече дека не очекува драстични пореметувања, бидејќи во челичната индустрија, грчкиот пазар не е многу значаен сегмент.
Инаку, во Македонија производството на метали учествува со 9,4% од вкупниот БДП, а вадењето руди на метали со 1,7%.
