Се отвора нова фабрика: Во прва фаза инвестиција од 5,1 милион евра и 40 работни места

Објавено на 18 февруари, 2021 во 11:08

fabrikaturcija

18.02.2021

Денеска во Владата беше потпишан договор за државна помош со турската компанија „Пурпласт“, која реализира инвестиција во Технолошко индустриската развојна зона Скопје.

Договорот беше потпишан од директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и извршниот директор на „Пурпласт“, Мехмед Шишманоглу.

Со него е најавена инвестиција во вредност од 5,1 милион евра и отворање на нови 40 работни места. Целата инвестиција на Пурпласт е планирана да биде околу 12 милиони евра и во нивните капацитети да се вработуваат 215 луѓе.

Во октомрви 2019 година „Пурпласт“ потпиша Договор со ДТИРЗ за закуп на над 26.000 метри квадратни во ТИРЗ Скопје 2, каде планира да произведува пластични маски и други пластични компоненти за компанијата „Ван Хол“ и многу други компании кои произведуваат автобуси.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.