Рокот за отпис на камата за неплатени придонеси е при крај

Објавено на 19 декември, 2013 во 16:05

На крајот на годината ќе истече рокот за поднесување барања за отпишување на пресметаните неплатени камати за достасани обврски за придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале во периодот од јануари 2009 година, заклучно со декември 2012 година, информира УЈП.

Ослободување од целокупната камата следува за подносителот ако ги плати заостанатите обврски во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.

Ослободување од 75 отсто од каматата следува ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.

Половина од каматата ќе биде отпишана ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од 18 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски, информира УЈП.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.