Отворен Светскиот трговски центар 1 во Њујорк
Во Њујорк свечено беше отворен облакодер изграден на местото на некогашниот Светски трговски центар, чии две кули беа урнати во нападите 11 -ти септември 2001 година, пренесоа светските агенции.
На церемонијата на отворањето на Светскиот трговски центар 4, прва бизнис зграда изградена на просторот каде загинаа повеќе од 2.700 луѓе, присуствуваа градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг и јапонскиот архитект Фумихико Маки.
Новата зграда која е висока 297,7 метри и има 72 спрата, е изградена на местото на јужната кула од поранешниот Светски трговски центар. Градбата беше отпочната во 2008 година.
Новиот Светски трговски центар ќе има пет облакодери како и споменик за жртвите од нападите, музеј, центар за јавен транспорт околу 550.000 метри квадратни комерцијален простор и уметнички простор.
Најспектакуларна ќе биде т.н. Кула на слободата која ќе има 104 спрата и ќе биде највисока кула во САД кога ќе биде завршена во следната година.
Фото: Ројтерс
