Прогласени најуспешните фирми во северозападна Македонија

Објавено на 17 октомври, 2013 во 18:39

Стопанската комора на северозападна Македонија, по трет пат,  ја направи ранг листата на најуспешните компании. На првите десет места помеѓу  стоте најуспешни фирми во 2012 година во овој дел на државата се:  „Еуро Актива“, „Алма М“, „Еуро Медиа“, „Гемак“, „Даути Комерц“, „Принц Ентерпрајс“, „Тути Фрути Бас“, „Вардар Доломит“, „Пофикс“ и „Еколог“.

Најдобрите сто компании во 2012 та година оствариле вкупен приход од близу 500 милиони евра, што е 5 отсто од вкупниот приход на сите компании во земјава. Сите заедно вработуваат околу 4.500 вработени.

На промоцијата на публикацијата „Најмоќни и најуспешни во Северозападна Македонија“на најуспешните им беа доделени признанија од страна на министерот за економија Ваљон Сарачини.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.