Тутунарите бараат, наспроти СЗО, Владата да продолжи да ги поддржува

Објавено на 28 октомври, 2013 во 18:30

На пригодна свеченост во центарот на Прилеп со излагање на повеќе сорти од сите македонски региони беше одбележан Меѓународниот ден на тутунот, јави Канал 77.

Организаторите Сојузот на тутунски Здруженија го потенцираа значењето на тутунопроизводството за околу 42.000 македонски семејства со над 200.000 граѓани.

Претседателот Данчо Милески испрати апел Владата да опстои на ставот за подршка на тутунопроизводството наспроти настојувањата на Светската здравствена организација:
-Да гласа против мерките на СЗО, како што не ги подржа во Сеул така да не ги подржи и во Женева, следната 2014 година.

Стручните лица пак се на став дека македонскиот ориентален тутун има иднина без оглед на сите случувања:
-Според препораките на СЗО и рамковната конвенција иднината доаѓа на натуралните цигари, а тоа значи дека се отвара голема персепектива за нашите ориенталски тутуни, изјави заменикот директор на Институтот за тутун Мирослав Димитриевски.

Ѕоне Трифунов, тутунар од село Габровци Општина Конче, на став дека со субвенциите и солидната откупна цена тутунот последните години е исплатлив за одгледување:

-Благодарение на Владата, која доделува по 1-о евро субвенции ги покриваме трошоците, а останува и некој денар за опстанок.

На одбележувањето на Меѓународниот ден беа врачени и 3 парични награди за најдобрите тутунари од Македонија. Првонаградениот Гоце Петковски од Прилеп доби 10.000 второнаградениот Горан Јанев од Василево 6.000 а третонаграденото Здружение ,,Тутуноберачите,, од Могила 4.000 денари.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.