Во Скопје отворен „Капитол мол“

Објавено на 12 декември, 2013 во 14:58

Стотици граѓани чекаа во влезат во новиот комплекс „Капитол мол и резиденс“ кој се отвори денеска на пладне, јави Плусинфо.

Објектот во скопската населба Аеродром се простира на 33.500 квадратни метри, а вкупната инвестиција изнесува 30 милиони евра.

Под мотото „Животот е поубав со нас“ сопствениците на Капитол Мол и Резиденс сакаат да има пружат на граѓаните нова димензија на пазарењето и да им овозможат да уживаат во нивното слободно време. Комплексот содржи 62 локали – модерни бутици со странски марки, ресторан, детски центар со модерни бутици и места за забава за сите возрасти.

Капитол мол и резиденс ќе отвори 500 работни места. Инвестицијата е македонски капитал – од Сити Плаза доо – Скопје на Ајдован Адемоски.

Фото: Плусинфо

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.