Годишно во Македонија згаснуваат по 4,5 илјади фирми

Објавено на 18 декември, 2013 во 08:33

4200 фирми во земјава годинава се избришани од евиденцијата на Централниот Регистар, а речиси 38 илјади компании чекаат решение од УЈП па да бидат избришани од евиденцијата, јави 24 Вести.

Дури 3500 компании во моментов се со блокирани сметки, а повеќе од 6 000 не се активни, со проблематичен статус.

Од февруари следната година регистрацијата на фирма ќе се врши само по електронски пат. А можноста за вакво нешто веќе ја искористија 240 правни лица.

Во март годинава Централниот Регистар ја започна акцијата за бришење на 30 илјади компании кои не се деловно активни. Во прва фаза се бришеа фирми кои не оствариле никаква трансакција во последните три години. Потоа на ред дојдоа компаниите со блокирани сметки кои беа околу 15 илјади и на крајот трговските друштва и фирмите основани како трговец поединец.

Раст на бројот на фирми со блокирани сметки регистрира и Народната банка во текот на целата година.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.