Електродистрибуција објави интерактивна мапа за капацитетот на трафостаниците за приклучување на фотоволтаични системи
Електродистрибуција, за сите заинтересирани дистрибутивни производители, на својата веб страна www.elektrodistribucija.mk стави на располагање интерактивна мапа на која e прикажан моменталниот капацитет на високонапонските трафостаници за приклучување на фотоволтаични системи.
Отсега, сите заинтересирани имаат можност во било кое време да ја проверат состојбата на капацитетите со кои располага електродистрибутивниот систем, како и состојбата во поглед на исполнетост на капацитети земајќи ги предвид и сите потенцијални производители со отпочнати постапки за приклучување во дистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН.
Мапата, додаваат, содржи и останати детални информации во врска со локациите на трафостаниците, податоци за сумарната моќност на инсталираните трансформатори во рамки на трансформаторската станица, процент на исполнетост на трафостаницата во моментот на ажурирање на податоците за дистрибутивни производители кои се веќе вклучени во дистрибутивниот систем и процент на исполнетост на трафостаница за дистрибутивни производители кои веќе имаат отпочнато постапка за: урбанизација, барање за градежна дозвола или имаат поднесено барање за приклучок кон електродистрибутивниот систем.
Дума.мк