ЕСМ: Заради скинати цевки во котелот, Блок 1 на РЕК Битола утрово исклучен од мрежа
Објавено на 4 јануари, 2023 во 14:12
Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради скинати цевки во котелот на постројката. Во тек е дефектажа која точно ќе ги лоцира аномалиите, по што во најбрз можен рок Блокот ќе биде саниран и вратен во функција, јави Апла.мк.
На Блок 1 пред една недела беа извршени сервисно ремонтни активности кои, за жал, не можат да предвидат или превенираат ситуација како денешната. Секој од трите блока на РЕК Битола има котел составен од цевки со должина од околу 700 километри, поставени на различни нивоа, низ кои поминува пареа со топлина од над 500 степени Целзиусови. Кон санација на оштетувањето се пристапува откако ќе се создадат физички услови за интервенција.
Информацијата во целост прочитајте ја на apla.mk .