Се сруши новогодишна елка
Објавено на 22 декември, 2012 во 11:59
Новогодишна елка со височина од 23 метри се урна во главниот град на Киргистан.
Во овој инцидент нема повредени. Просторот кај што падна елката е ограден и службите за комунална хигиена ги отстрануваат скршените гранки и лампиони.
За да не се наруши новогодишниот амбиент најавено поставување на нова елка на плоштадот, а оваа паднала поради амортизација на металната конструкција на која беше прицврстена елката, како и пориди силните налети на ветрот.