Словенците им ја отворија вратата на Хрватите кон ЕУ!
Со 15 гласа за и ниту еден против, Комитетот за надворешни работи на словенечкиот парламент го донесе законот за ратификација на договорот за пристапување на Хрватска во ЕУ.
На тој начин е отворен патот за негова ратификација во Собранието.
Словенија е последната земја на ЕУ која го започна процесот на ратификација на хрватскиот пристапен договор кој мора да биде завршен пред први јули кога Хрватска ќе влезе во ЕУ.
“Денеска е среќен ден за Хрватска и Словенија. Започнуваме ново поглавје во односите на двете земји“, рекол министерот за надворешни работи на Словенија, Карл Ерјавец.
Тој процес бил запрен од спорот околу Љубљанска банка кој двете страни го разрешиле со потпишување на меморандум за согласност на 11-ти март.
Покрај Словенија, уште четири членки на ЕУ не го завршиле процесот на ратификација на хрватскиот договор со ЕУ.
