Ќе се докапитализираат европските банки со финансиска помош на ЕУ!
Објавено на 21 јуни, 2013 во 14:18
Од Европскиот стабилизациски механизам, чиј вкупен фонд изнесува 500 милијарди евра, итно ќе се докапитализираат банките во еврозоната. За тоа ќе бидат обезбедени до 60 милијарди евра.
Така се договориле, синоќа на состанок, министрите за финансии на еврозоната во Луксембург. Според претседателот на еврогрупата Јерун Дејселблум ќе се овозможи стабилност на банкарскиот сектор и ќе се создадат услови за излез од „волшебниот круг меѓу кризата, банките и државните буџети“.
Заинтересираните банки за добивање средства за докапитализација ќе треба да поднесат барање за помош.
