Од септември враќање на визите!?
Објавено на 9 јули, 2013 во 18:36
Европската Унија следната недела ќе ги разгледува прашањата за времени визни ограничувања за граѓаните од Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Соодветен прелиминарен договор со претставниците на земјите-членки од ЕУ постигнал преговарачот од Европарламентот Аугустин Диас де Мера, пишува весникот „ЕУ обзервер“.
Медиумот тврди дека властите на земјите-членки на Унијата следната недела ќе ги разгледаат подготвените предлози од страна на Европскиот парламент а доколку бидат прифатени, гласањето за овој предлог-закон ќе се изврши во септември.
