„Фајзер“ и „Бионтех“ бараат дозвола за трета доза од нивната вакцина против Ковид-19

Објавено на 9 јули, 2021 во 10:25

Фајзер“ и „Бионтех“ имаат намера да побараат овластување во наредните недели за да дадат трета доза од нивната вакцина против Ковид-19. Ова се наведува во соопштение на двете компании.

Целта е со трета доза на вакцина да се зголеми имунолошката заштита на веќе вакцинираните.

Според прелиминарните податоци од тестови, друга доза дадена 6 месеци по втората ги зголемува нивоата на антитела против оригиналниот вид на вирусот до 10 пати. Фајзер и Бионтех ќе обезбедат детални информации до Европската агенција за лекови и американската Администрација за храна и лекови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.