Фатен криминалец осуден на 12 години казна затвор

Објавено на 10 февруари, 2022 во 10:23

Полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со Специјална антитерористичка единица „Тигар” вчера околу 19.30 часот го лишиле од слобода Е.М.(32) од Штип на улицата „Черења“ во градот.

-Тој бил баран по Централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Штип заради бегство од установата. Тој e осуден на вкупна казна затвор од 12 години и пет месеци за повеќе сторени кривични дела, а имал за доиздржување уште пет години и два месеца, информира Министерство за внатрешни работи.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.