Фатен на радар – возел 214 километри на час

Објавено на 4 јануари, 2022 во 13:28

Во текот на вчерашниот ден, 3 јануари, на територијата на Сектор за внатрешни работи Штип спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 32 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 16 возачи ја пречекориле брзината во населено место и 16 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од Министерство за внатрешни работи.

Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.