Филипче: Делта сојот има висока преносливост, само вакцинирани може да бидеме заштитени
Само вакцинирани може да бидеме заштитени од новите соеви на вирусот, пишува на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.
-Сите стручни светски анализи покажуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни да не заштита од развој на тешка форма на болеста. Делта, индиски сој е присутен во околу 100 земји во светот, оттука ние како држава не може да бидеме изземени тој да се рашири и кај нас. Состојбата во нашата земја, гледано од епидемиолошки аспект засега е мирна, секојдневно се следи ситуацијата и се прават анализи на истата. Сепак, делта сојот има висока преносливост, оттука важно е граѓаните масовно да се вакцинираат. Веќе од понеделник 12 јули, вакцинацијата во државата ќе се одвива и без закажан термин, а ќе започне и теренската вакцинација така што вакцините ќе бидат достапни до секого и секаде, пишува Филипче.