Филипче до здравствените работници: Граѓаните нема да ја заборават вашата храброст

Објавено на 21 мај, 2021 во 13:27

Притисокот врз болниците е многу намален.Благодарност до здравствените работници кои во текот на целиот овој период посветено и неуморно го издржаа притисокот со кој беа соочени. Граѓаните нема да ја заборават вашата храброст, напиша на својот Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

-Денеска е затворен делот на интерните клиники – Одделенијата на дерматовенерологија и неврологија, коишто за целиот период помеѓу двата брана не престанаа со третман на ковид пациенти. Поради намалениот број на пациенти во последните две недели, се затворија ковид центрите на Клиниката за урологија, Клиниката за пластична хирургија, ТОАРИЛУЦ – Трауматологија, Клиниката за уво нос и грло, Клиниката за очни болести, Клиниката за гастроентерохепатологија и Институтот за физикална медицина, како и детската болница Козле.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.