Филипче: Ефикасноста на „Синовак“ е висока, бројката на пријавени граѓани за вакцинација треба да се зголеми

Објавено на 5 јули, 2021 во 10:16

Министерот за здравство, Венко Филипче, напомена дека до крајот на оваа недела сите пријавени граѓани за вакцинација ќе бидат вакцинирани.

-Сметам дека дека бројката на пријавени граѓани треба да биде поголема. Затоа развиваме нови модели преку кои ќе се извршува имунизацијата како теренската вакцинација . Сите кои чекаа ќе бидат вакцинирани, вели Филипче.

Тој напомена дека сега наставниците имаат приоритет .

-Прилично висок процент имаше од досегашната бројка на вакцинирани и пријавени наставници кои држеа часови со физичко присуство. Јас верувам дека таков ќе биде опфатот и сега, вели тој.

За ефикасноста на „Синовак“, министерот напомена дека е прилично висока и дека оваа вакцина дефинитивно штити од тешка форам на болесат и од смретен исход од ковид 19.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.