Филипче ги посети пациентите на кои им беше трансплантирано срце од починат донор

Објавено на 14 јуни, 2021 во 17:00

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека денеска ги посетил пациентите на кои на 19-ти мај и на 10- ти јуни им беше трансплантирано срце од починат донор.

-Претпладнево на Универзитетската Клиника за Кардиохирургија ги посетив пациентите на кои на 19-ти мај и на 10- ти јуни им беше трансплантирано срце од починат донор. Двата пациенти се во добра и стабилна состојба. Првата трансплантирана пациентка пополека целосно се опоравува, а вториот пацент е се уште на Oдделот за интензивна нега и терпија, но е во добра состојба. Со трансплантациите на срце почнавме едно ново поглавје во медицината во земјава кое отвори надеж за хронично болните пациенти кои немаа друг избор за лекување. Семејствата пак на Емилија, Верица, Марија, Јасмина, Борче со нивниот хуман гест ја разбудија свеста за органодонорството и ни покажаа што значи да се дарува орган за да се спаси нечиј живот, информираше Филипче

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.