Филипче: Локалите и ноќните клубови да не бидат преполни

Објавено на 21 јуни, 2021 во 16:10

„Сепак има некакви протоколи, а тоа да не се преполни локалите и ноќните клубови, односно да се на 50 проценти од капацитетот. И досега имаше простор каде се собираа младите“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека иако секојдневно се објавуваат фотографии и видеа од локалите низ Македонија ваквата слика не може да предизвика ширење на зарзата, која е во значително опаѓање.

„Локалите не се место каде може да се шири заразата, затоа што тие се полни 50 отсто од просторот“, истакна министерот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.