Филипче: Оптеретени се болниците во градовите каде нема многу вакцинирани граѓани, како што се Тетово, Куманово и Гостивар
Министерот за здравство Венко Филипче, смета дека граѓаните треба да ја сфатат пораката, дека вакцинацијата е единсетвениот механизам и спас за излез од здравствената криза. Според него, најбитно е граѓаните да се вакцинираат. Како аргумент за своето тврдење го посочи бројот на новодијагностицирани случаи, од кои само 10 проценти од вакцинирани се хоспитализирани и сите се во стабилна здравствена состојба. Филипче посочува дека таквите принципи владеат во целиот свет, бидејќи во некои земји како Велика Британија има и масовни собирања ама нема оптеретување во болниците.
-Кај нас има специфична ситуација. Оптеретени се болниците во градовите каде опфатот на вакцинација е помал, околу 23 проценти на целокуипното население, како што се Тетово, Куманово, Гостивар. Во градовите каде е повисок опфатот на вакцинирани граѓани, како што се, Битола, Штип, Охрид нема притисок во болниците, бидејќи опфатот на вакцинирани е некаде од од 37 до 50 проценти. Ова значи дека сепак, вакцината дава резулатати, а во прилог на ова, одат бројките на заболени во Македонија, рече Филипче за ТВ Сител.
Според министерот за здравство најбитно од се, е дека ризикот од смртен исхот е намален за 20 проценти, доколу се зарази некој кој е вакциниран со две дози.
-Ние на аплицирани милион дози немаме несакан ефект, освен вообичаените, црвенило кое трае од еден до два дена, покачена телесна температура. Имаме и исклучително мал број на луѓе новозаразени од вкупниот број на над 500.000 вакцинирани. Тие бројки се мерат во промили. Така да, верувам дека целокупниот сет на мерки што ги препорачуваме, се со цел да се зголеми опфатот на вакцинација но, и да се спречи ширењето на вирусот. Гледаме дека има пораст на новозаразени во регионот. Во Бугарија има 14.000 активни случаи и тоа е нов притисок, 10.000 во Србија, значи станува збор за еден бран кој се случува секаде во регонот, рече Филипче.