Филипче: Сертификат за вакцинација или негативен ПЦР-тест за патување во Грција
Објавено на 29 април, 2021 во 10:58
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека во разговор со својот грчки колега Харис Теохарис, било соопштено дека на 14 мај Грција ќе ги отвори границите за нашите граѓани.
– На 14 мај границите ќе се отворат, а за влез во Грција ќе биде потребно или потврда односно сертификатот кои ние ќе го издваме за вакцинација или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, за некои земји ќе може да се влезe со брз антигенски тест, изјави Филипче.
На прашањето дали граѓаните кои примиле вакцина во Србија ќе добијат нови документи, министерот спомена дека на граѓаните кои се вакцинирале во соседна Србија ќе им важат веќе дадените сертификати.