Филипче: Вакцинирани 12.606 граѓани за еден ден

Објавено на 7 мај, 2021 во 10:13

Интересот за вакцинација и бројот на дневно вакцинирани расте, тоа го покажуваат и резултатите од вчерашниот ден.

„ Само во текот на вчерашниот ден се аплицирани 12.606 вакцини. Од кои 10.135 прва доза а останатите ревакцина. Досега се вакцинирани 84.312 граѓани. Согласно последните бројки 28% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина“, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој повторно упати апел до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk и да се вакцинираат.

„Со ова темпо на вакцинација и капацитетите кои постојано ќе ги надградуваме. Имаме можност за релативно брзо време да постигнеме добар колективен имунитет“, соопшти министерот.

Сподели: