ФИТР со 5,7 милиони евра ќе поддржи 103 компании кои ќе инвестираат во технолошки развој
– Вкупно 103 компании од пристигнатите 700 апликации ќе бидат кофинансиски поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за да ги реализираат своите идеи за технолошки развој за забрзан економски раст.
Поддршката од ФИТР е 5,7 милиони евра, додека компаниите ќе вложат сопствени средства во вкупна вредност од 5,3 милиони евра.
Компаниите кои влегоа во финалната селекција имаат 2.049 вработени лица. Најголем дел или 69 се мали компании, 21 се микро и 13 се средни компании. Само 22 се компании кои и претходно користеле средства од ФИТР, а останатите за првпат аплицирале. Солиден процент, речиси 30 компании, се старт ап односно млади компании. Доминираат компаниите од Скопскиот регион, но има компании и од сите други региони. Најмногу од проектите се од технолошката индустрија, здравството и
– Сите останати региони имаат забележан пораст во овој повик, особено забележителен е пораст на Полошкиот, Југоисточниот и Североисточниот регион. Преку овој повик поддржавме 16 индустрии и за првпат ИКТ индустријата не е на прво место. Најголема застапеност имаат проектите од технолошката индустрија, градежништвото, здравството, земјоделието…, истакна директорот на ФИТР Коста Петров на денешната прес-конференција во Владата.
Според вицепремиерот задолжен за економски прашања, економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, рекордниот број на апликации пристигнати на јавниот повик покажува дека во земјава има голем број на претприемачи кои благодарение на ваквите инструменти чувствуваат храброст и смелост да создадат проекти и тоа да го преточат во реалност.
– Тоа значи дека допрва доаѓа времето во кое иновативните идеи и идеите да се инвестира во сопствени технолошки развој ќе го менуваат и развиваат нашиот пазар и бизнис сектор, рече Битиќи.
Селектираните компании, како што посочи Битиќи, годинава ќе добијат поддршка од 5,7 милиони евра што е драстично зголемување во однос на лани.
– Тоа ја докажува нашата иницијатива и цел, а тоа е вистинска поддршка за домашните компании бидејќи Владата силно верува во потенцијалот и можностите на домашното стопанство. ФИТР го претворивме во вистински дом за сите микро, мали и средни компании, а во нивното портфолио за само четири години со овие денес веќе имаме 644 субјекти кои реализираа, реализираат или ќе започнат со реализација со проекти во вкупна вредност над 85 милиони евра, истакна вицепремиерот Битиќи.
Повикот беше отворен 60 дена, а пристигнаа 700 апликации. За одбиените апликации, ФИТР нуди менторска поддршка со цел проектите да се подобрат и да може компаниите повторно да аплицираат.